L’AMORE ROSE & CO. е бренд создаден од љубов – љубов кон убавината, емоцијата и малите моменти што значат сè.

Нашата приказна започна како Galaxy Golden Rose, од една искрена идеја родена од срце и желба да создадеме нешто свое, нешто што носи радост и остава трага. Со текот на годините, заедно со вас, растевме, учевме и се развивавме.

Секоја нарачка, секој подарок и секоја порака нè инспирираа да одиме чекор понатаму и да изградиме бренд што не нуди само производ, туку доживување. Денес, L’AMORE ROSE & CO. е ново поглавје од истата приказна – порафинирана, посвесна и уште повеќе фокусирана на емоцијата. Веруваме дека подарокот не е само предмет, туку начин да се каже „те сакам“, „мислам на тебе“ или „ти благодарам“. Нашите природни вечни рози и внимателно креирани аранжмани се симбол на трајна љубов, внимание и елеганција. Секој детал е одбран со грижа, а секој производ е создаден за да предизвика насмевка и чувство што трае. 

Зад брендот стои семејна приказна, посветеност и желба да создадеме нешто вредно – и покрај сите животни улоги и предизвици. 

Нашата мисија е едноставна: Да внесеме љубов, топлина и емоција во секој подарок. 

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна.

The world is more beautiful in pink.

Верче Андоновска

Основач и сопственик

+389 77 836 573

Контакт

lamoreroseco@gmail.com

Е-маил адреса