Политика за оштетен производ
Оштетување при достава
L’ AMORE ROSE & CO. посветува особено внимание на безбедното пакување на сите производи со цел да пристигнат во совршена состојба.
Доколку производот пристигне видливо оштетен при достава, Ве молиме:
- Да го фотографирате производот веднаш по приемот (вклучувајќи ја и амбалажата).
- Да нè контактирате во рок од 24 часа од приемот на пратката на lamoreroseco@gmail.com или 077836573.
Процедура
По добивање на пријавата, нашиот тим ќе ја разгледа документацијата и ќе ја започне постапката со карго службата.
Доколку се утврди дека оштетувањето настанало при транспорт, L’ AMORE ROSE & CO. ќе организира:
- Замена на производот
Важна напомена
L’ AMORE ROSE & CO. не сноси одговорност за оштетувања настанати по приемот на пратката или при неправилно ракување од страна на примателот.