Политика за оштетен производ

Оштетување при достава

L’ AMORE ROSE & CO. посветува особено внимание на безбедното пакување на сите производи со цел да пристигнат во совршена состојба.

Доколку производот пристигне видливо оштетен при достава, Ве молиме:

  1. Да го фотографирате производот веднаш по приемот (вклучувајќи ја и амбалажата).
  2. Да нè контактирате во рок од 24 часа од приемот на пратката на lamoreroseco@gmail.com  или 077836573.

Процедура

По добивање на пријавата, нашиот тим ќе ја разгледа документацијата и ќе ја започне постапката со карго службата.

Доколку се утврди дека оштетувањето настанало при транспорт, L’ AMORE ROSE & CO. ќе организира:

  • Замена на производот

Важна напомена

L’ AMORE ROSE & CO. не сноси одговорност за оштетувања настанати по приемот на пратката или при неправилно ракување од страна на примателот.